„Црвените чадори“ во Скопје маршираа по 15 пат, во знак на одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
Од улица Македонија, каде се одвиваше маршот, присутните порачаа дека веќе не се скриени во општеството, туку гласно и гордо зборуваат за своите права.
„Првите три години јавните протести на сексуалните работници беа симболични и се одвиваа без присуство на медиумите, што пак се должеше на стравот да излеземе во јавност и јавно да зборуваме за нашите проблеми и потреби. Но, од година во година станувавме се похрабри и погласни во борбата против насилството, стигмата и дискриминацијата и благодарение на медиумската поддршка овие јавни настани добиваа се поголема видливост“, порачаа организаторите на маршот.
Сексуалните работнички бараат поголема безбедност и декриминализација на нивната работа.