736
Бошњачката културна заедница во Македонија денеска во 14.30 часот организира марш на мирот по повод 19 години од геноцидот во Сребреница, насловен „Сребреница – Совеста на светот“.
„Целта на настанот е да покажеме дека и Скопје се сеќава на Сребреница, истакнувајќи дека овој грозоморен чин треба да се сочува од заборавот, и никогаш, никаде и на никого да не му се случи тоа што им се случи на Бошњаците од Сребреница во 1995 година“, велат од Бошњачката културна заедница во Македонија.
Во 14:30 часот маршот тргнува од Мурат-пашина џамија,која се наоѓа во Старата скопска чаршија, ќе се движи кон фонтаната Филип II и во 15 часот застанува на Камениот мост каде што ќе се прочита Меморандумот за жртвите на Сребреница.