Марковски компани го доби најголемиот тендер што го распиша РЕК Битола во вредност од речиси 25 милиони евра

by Fokus

Битолската градежна фирма „Марковски компани“ го доби најголемиот тендер што го распиша РЕК Битола (најголемата подружница на државниот производител на струја) во последниве 10 години  во вредност од речиси 25 милиони евра.

Станува збор за договор со кој РЕК Битола бара компанија која ќе има капацитет за да ископа до 4 милиони кубни метри јаловина од јагленовите рудници на најголемиот производител на струја во Македонија.

На тендерот на РЕК Битола, според официјални достапни податоци на Бирото за јавни набавки (БЈН) имало 2 понуди.Работата ја добил локалниот градежник „Марковски компани“ фирма која со години наназад е редовен контрактор на РЕК Битола специјализирана за копање јаловина и јаглен.

Во договорот за јавна набавка пишува дека вкупната единечна цена за еден кубен метар јаловина изнесува 2.871 денар. Ова е воедно и највисоката добиена цена согласно со јавните податоци на Бирото за јавни набавки.

„Марковски компани“ , според договорот, има три фирми подизведувачи. Две од нив се струмички компании „Сим Инженеринг“ и „Јавор Транс“. Третата е компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље.

Договорот наведува дека ЕСМ има право да не мора да го реализира договорот во целост односно до неговата максимална вредност од 24,94 милиони евра (со вклучен ДДВ).

 

 

Поврзани новости