Поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека премиерот Заев сега треба да покаже храброст во однос на кадровските промени, како што покажал храброст во надворешната политика.
-Јас промените не ги гледам само персонално, туку ги гледам во суштинска промена во начинот на владеење. Дека никој во оваа држава не е. Вредностниот систем на владеење треба да се смени. Н моежете да имате министри кои само фигурираат, а ништо не работат. Ние како граѓани бараме рокови. кој проект кога ќе заврши. Храброста на премиерот ако ја видовме во надворешната политика, верувам можеме да ја видиме и внатре, верувам дека Заев е способен за тоа. Тука ќе страдаат одредени личности, но не можете да бидете добар со сите. Некои ќе ве сакаат, некои ќе ве мразат, но вие морате да ги задоволите оние за кои сте избран, рече Марковска.