437
Аналитичарката Ѓулистана Марковска во Отворено на ТВ 24 вечерва изјави дека бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов изградил кариера на Македонија и ВМРО.
Таа смета дека ставовите ќе омекнат. Вели дека историјата нема да биде темел на кој ќе се градат релациите.
Историчарот Драги Георгиев изјави дека изјавата на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов е несмасна и дека комисијата не работи година и пол, туку 6 месеци.