Марковиќ: На протестите се покажува политичката немоќ на Груевски

by fokus

Професор Ненад Марковиќ во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека на протестите кои се одржуваат деновиве се покажува политичката немоќ на Груевски.

-Неговата мобилизаторска моќ се мереше во илјадници луѓе, да се сетиме само на разните протестни иницијативи, од „За заедничка Македониа“, преку ГДОМ итн., кои беа на еден или на друг начин поврзани со таа десна идеолошка политичка енергија, вие имавте многу голема, многу масовна политичка мобилизација, што оди во насока на тој модел на клиентелистичко општество во кое живееме дека кога ја губите власта, вие губите се, вие не можете да ја одржувате таа клиентелистичка мрежа ниту преку поволности, ниту преку уцени, ниту преку медиумско влијание, ниту на кој било начин и ја губите поддршката во оној момент кога ќе ја изгубите власта. Така што 100 или 200 луѓе пред Кривичен суд, во таква ситуација веројатно подобро да не го правите тоа, отколку да го правите, зошто покажувате политичка немоќ, односно покажувате колку е падната вашата мобилизаторска моќ, вели Марковиќ.

Поврзани новости