Маркоска: Судот веќе одлучи дека тоа што се случи на „27 април“ е тероризам

by fokus

Пратеничката Даниела Маркоска од СДСМ денеска изјави дека судот веќе одлучил дека тоа што се случи на 27 април 2017 година во Собранието е тероризам. Таа беше прашана за коментар по ставот на Претседателот Стево Пендаровски дека осудените од 27 април не се терористи.

-Она што се случи на 27ми април беше рушење на уставниот поредок, сите бевме сведоци што се случи пред четири години, дека беше напад на домот на демократијата и за тоа си следеше судска постапка каде веќе делото е завршено и судот е оној којшто треба да одлучи дали станува збор за тероризам, насилство …, а веќе има одлучено и тоа е веќе завршена процедура во судството, истакна пратеничката.

https://youtu.be/PxIwueoGc3E

Поврзани новости