Сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски кој е во притвор во затворот во Шутка денеска е префрлен во Градската болница „8 Септември“ поради проблеми со срцето. Од затворот за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и велат дека тој задржан во болницата на понатамошно лекување.
Ноќта во петокот спроти саботата, Стаменковски поради болки во градите со Брза помош беше префрлен на Клиниката за кардиологија каде исто така беше задржан. Но, на свое барање тој вчера ја напушти Клиниката и се врати во затворот во Шутка. Неофицијално барал да се лекува во приватната болница „Систина“.
Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.
Досега се одржаа неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со оштетените во процесот, кои биле негов таргет.
Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски.