652
Дмитриј Гурин, пратеник во украинскиот Парламент, за Скај Њуз изјави дека Русија бомбардира цивилна инфраструктура во пристанишен град на Црното Море.
Тој додаде дека се блокирани снабдувањето со храна и вода, додека зелените коридори се опколени од руските сили.
„Мариупол е без греење, гас, струја и вода. Луѓето собираат снег за да имаат вода, а за три до пет дена нема да има повеќе храна и повторно ќе има глад. Глад во срцето на Европа“, рече тој.
Детската болница и породилиштето денеска беа погодени од неколку проектили, а се претпоставува дека под урнатините има луѓе.
Гурин рече дека според досегашните информации повредени се седумнаесет жени, вработени во болницата.