Маринко Роквиќ ја опеал ноќта кога ќе умре, постхумно објавена неговата последна песна

by Fokus

По повод една година од смртта на популарниот фолк пејач Маринко Роквиќ, постхумно е објавена неговата последна песна „Таа ноќ кога ќе умрам“. Како што извести неговиот син Никола, песната промотивно е пуштена во етер на шести ноември, точно во 11 часот, во времето кога лани татко му починал. Станува збор за композиција со текст на Милош Михајловиќ, а музиката е на Миша Мијатовиќ. Маринко ја снимил песната неколку месеци пред да дознае дека е тешко болен.

-Легендите никогаш не умираат! Можеби само некогаш ќе прошетаат во други светови, и таму да однесат љубов, радост, тага и искрена емоција. Со гордост ја најавувам последната песна на нашиот татко – објави Никола.

Во песната Маринко пее за ноќта кога ќе умре, и остава аманет да биде испратен со песната на жената која ја сакал. Во видео записот пак, се објавуваат фотографии од неговиот живот, од најрано детство, па се до последните години. Роквиќ почина на 68-годишна возраст, по долга борба со бактерија која му го нападнала организмот.

Тој ја започнал кариерата во 1974 година и има снимено 21 албум, повеќе сингл-плочи, а беше познат како пејач на севдалинки и голем број фолк хитови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости