Марин ле Пен ќе се кандидира на парламентарните избори во Франција

by Fokus

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен ја објави својата кандидатура за парламентарните избори во јуни, по неколкунеделниот молк откако минатиот месец ги загуби претседателските избори од Емануел Макрон, пренесуваат британските медиуми.

-Се надевам дека ќе имаме силно присуство во парламентот за повторно да се бориме против социјалната политика што сака да ја води Емануел Макрон, рече Ле Пен, додавајќи дека ќе се кандидира за реизбор во нејзината изборна единица во департманот Па-де-Кале.

Ле Пен изјавата ја даде за време на посетата на градот Хенен-Бомон, на прославата на Денот на победата, годишнината од победата на сојузниците во 1945 година над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Поврзани новости