804
Пред Собранието на Република Македонија на протестот на Шарената револуција се обрати актерот Марин Бабиќ, кој рече дека поради одредени „голтари“ морал да го напушти Драмскиот театар.
-Една од тие поради кои го напуштив Драмски театар е дотичната дама чие име не сакам да го спомнам за не и правам реклама. Дали таа знае што е куршум? Поима нема. Сакам да и се обратам: Џевојко Црногорко, гледај си дете, да Бог неда никад се не родила, рече Бабиќ.
Тој додаде дека СЈО на сите ќе им дојде дома и ќе заминат таму каде што им е местото, а тоа е во Идризово.