871
Македонскиот пејач Маријан Стојаноски по вторпат стана татко, а неговата сопруга Наташа на свет го донесе нивниот син Петар.
Тој оваа информација ја соопшти на социјалните мрежи, по што следуваа низа коментари со честитки за нивното бебе.
„Добредојде синко Петар“, напиша Стојаноски на својот профил на Фејсбук.
Минатиот јули тие ја добија ќеркичката Вероника, а се верија во месец декември 2019 година.
Пејачот својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, а долго време не е присутен на македонската естрадна сцена.
Ј.Ц.