Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја донесоа одлуката Марија Јаничевска да биде директор на ОТА.
Предлогот за изборот на Јаничевска го образложи претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска. Таа рече дека Јаничевска е родена 1978 година во Скопје, дека била државен советник за општи работи во ОТА, како и други детали од нејзината биографија.
За оваа функција се пријавиле 21 лице.
Николче Крстевски и Елида Шуки се предложени за членови на Комисијата за одлучување по жалби за јавни набавки. Кирил Каранфилов е предложен за повторен мандат за претседател на оваа Комисија.
Оваа институција речиси еден месец функционира без директор откако на Зоран Ангеловски на 7 септември, му истече петгодишниот мандат без право на реизбор. Со неговото заминување од ОТА, која е една од клучните институции во безбедносниот и ланецот на борба против криминалот, оваа институција остана без прв човек кој одлучува за голем број на дејствија во областа и делегира овластувања во безбедноста надолу по хиерархија.