Марихуаната стана легална во Германија

by Fokus

Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис, декриминализирајќи го поседувањето мали количини.

Откако стапија на сила новите закони за лично поседување, пушењето канабис во Германија ќе биде легално за постари од 18 години, пренесува „Гардијан“.

Од денеска, на возрасните во Германија им е дозволено да носат со себе до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат најмногу три растенија марихуана дома.

Новите закони следеа по жестоката дебата за добрите и лошите страни на овозможувањето полесен пристап до канабисот.

Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога.

Консумацијата на канабис од страна на сите помлади од 18 години ќе продолжи да биде нелегална.

Поврзани новости