Пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со ковид-19, алармираат американските здравствени експерти.
„Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари“, вели директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо.
Професорот и портпарол на здружението, Мајкл Глас истакна и дека сувата кашлица предизвикана од пушењето марихуана лесно може да се помеша со симптомите на ковид-19, со што се отежнува и дијагнозата.
Пушачите, лицата со хронични опструктивни болести на белите дробови, како и лицата со умерена до тешка астма, спаѓаат во ризични групи кои можат да имаат потежок облик на Ковид-19 со кој можат да завршат и на респиратор.