Секојдневната употреба на марихуана ја надмина редовната употреба на алкохол во САД, покажуваат податоците од Националното истражување за употреба на дрога и здравје, објавени денеска во списанието „Дикција“.
Во 2022 година, нивото на употреба на марихуана за првпат ја надмина употребата на алкохол, рече авторот на студијата Џонатан Колкинс, истражувач за употреба на канабис на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург или речиси секојдневно користеле марихуана во споредба со 14,7 милиони луѓе кои пијат алкохол секој ден или речиси секој ден. Од 1992 до 2022 година, стапката на редовна употреба на марихуана се зголемила за дури 15 пати.
Повеќето американски држави ја декриминализираа марихуаната, дозволувајќи нејзина медицинска и рекреативна употреба, но таа останува нелегална на федерално ниво.
Во ноември, гласачите на Флорида ќе одлучат дали да одобрат уставен амандман за да се дозволи рекреативна употреба на канабис, а федералната влада има намера да ја класифицира марихуаната како помалку опасна дрога.