Пет лица биле лишени од слобода од полициски службеници, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана.
„На 29.11.2019 во 20,35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Лихнида“, го лишиле од слобода Д.Ф.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.11.2019 во 21,40 часот во с.Пирок полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.Т.(34) и С.Р.(26) двајцата од Тетово кои биле со возило „Голф“ со тетовски регистерски таблички, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Б.(31) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 30.07.2019 на ул.„Слободан Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници во патничко возило „даеву ланос“, управувано од Р.Б., пронашле и одзеле марихуана“, велат од МВР.