Маричиќ: Зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот?

by Fokus

Мислам дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме, дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи, дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија поради ова прашање, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во интервју за Македонско радио посочи дека со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите.

–  А секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници коишто се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари. Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари коишто со последниот попис се 3000 и стотина. Со самиот тој чин ќе ја направиме таа дистинкција. Дополнително на тоа ние ќе додадеме и други заедници како што се Хрватите и Црногорците, најмалку. Значи има интерес и од други Евреите, Египќаните, Торбешите и така натака и спремни сме да разговараме, истакна вицепремиерот.

Поврзани новости