Маричиќ за Гоце Делчев: И во европската историја има личности на коишто право полагаат повеќе држави

by fokus

Техничкиот преговарач на Македонија со ЕУ , Бојан Маричиќ во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека тоја би оставил на историчарите да го решат прашањето за Гоце Делчев.

-Идејата на Договорот не е да доведе во ситуација некоја држава да се откажува од нешто. За да не се дискутира ова на политичко ниво, дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, затоа е создадена Комисијата за историски прашања, каде понаучно ќе се разгледа ова прашање. Јас би оставил на историчарите, да направат доволно добро толкување кое од страна ќе фрли можеби ново светло на некои историски прашања, но и ќе овозомжи секоја од државите да има подеднакво право на тие настани кои ги чуствува како свои. Гоце Делчев е многу важен дел од нашата историја, еден од симболите на нашата посебност и државност. И мислам дека тоа е важно да се задржи. За другите аспекти, дали ќе се вадат некои негови писма… Видете имате личности и во европската историја на коишто полагаат право повеќе дражави. Не би требало тоа да е чудно, смета Маричиќ.

На прашањето дали според него Гоце Делчев е Македонец, Маричиќ одговори: Апсолутно.

Поврзани новости