680
Владиниот советник за евроинтеграции од СДСМ, Бојан Маричиќ, во емисијата „Патот кон…“ на Алсат најави дека во следниот мандат од четири години ќе бидат отворени дури 80 отсто од поглавјата на Европската Унија.
-Во овие три години се решија важни меѓународни прашања и го отворивме патот кон Европа. Допрва овој успех ќе има резултати и во вој дел ќе имаме уште поконкретни проекти и уште повеќе пари. СДСМ секогаш дава гаранција за успешна приказна за интеграција на државата. Постигнавме многу, но имаме уште што да постигнеме и затоа очекуваме дека граѓаните веќе го препознале тоа и дека на 15 јули ќе ни ја дадат поддршката – изјави Маричиќ.