Маричиќ вели дека Грција многу помогнала на Македонија

by Fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Атина оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на која беше разговарано за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и соработката меѓу двете земји на ова поле.

– Северна Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат. Добрососедските односи и поддршката која ја имаме од Грција отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции, рече Маричиќ на средбата

Поврзани новости