Процесот на враќање на довербата во судството или процес на прочистување на судството дава веќе конкретни резултати, смета министерот за правда Бојан Маричиќ. Откога се донесени законите во 2019 година, смета тој, веќе има 10 разрешени судии врз основа на оценката на Судскиот совет кој утврдил дека постапувале нестручно и несовесно.
– Со години Европската комисија ни забележуваше дека основите за избор и разрешување на судиите не се доволно прецизни, дека се користат за пресметка со политичките неистомисленици од минатата власт и сето тоа доведе до конкретизација на законите и подзаконските акти за веќе тоа да го нема, да имаме јасни критериуми по кои самиот Судски совет и Обвинителството ќе го ценат квалитетот и стандардите во својата фела – рече Маричиќ во парламентот.