Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешното воведно излагање на панел дискусијата „Патот до 2030“ истакна дека уставните измени треба да се направат оваа година и дека треба да се перципираат како последна обврска којашто е поврзана за билатералните спорови со соседите, во однос на нашиот Устав и во однос на нашиот систем.
– Сè понатаму што го имаме како разлика со соседите, може да го решаваме и билатерално преку инструментите на билатералните договори, но и во рамките на оние теми коишто ги покрива Европската Унија, преку преговорите, како што се: Заштита на правата на малцинските групи и заштита на човековите права и дискриминација, од Поглавјето 23. Постои историска комисија со Бугарија, при што исто така треба на мир и без политички притисоци да се разговара и одлучува, рече Маричиќ додавајќи дека очекува нова ера на односите, и со Бугарија, но и на контекстот во којшто разговаравме со Европската Унија по завршување на овие уставни измени.
На прашањето, дали е возможно до 2030 година да станеме членка на Европската Унија , но и регионот, Маричиќ рече дека е можно, но ако на тоа работиме уште од денес и ако дејствуваме заедно на истата цел, укажувајќу дека првиот чекор е подавањето рака со Европската Унија за да се потврди дека целта на овој процес е членство, и дека тоа членство е достижно да се служи до крајот на оваа декада.