306
Будно го набљудувам процесот на пристапување, особено новата методологија што е иницирана и тестирана во Северна Македонија и Албанија, процесот претрпе промени и реформи, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ на Форумот на граѓанското општество, кој годинава се одржува во Тирана.
-Во изминатите неколку месеци имаше различни политички пораки кои се поинакви од она што долго време го слушавме. Г-дин Рот ја спомена можноста од 2030 година како потенцијален датум за идно пристапување. Сите овие точки што ги спомна г-дин Рот се добредојдени и верувам дека треба да ги земеме предвид. Иако не сите од нив можеби се реални денес, од суштинско значење е да се земат предвид и да се истражат како потенцијални компромиси – истакна Маричиќ.