Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во денешното гостување на ТВ 24 истакна дека за Македонија е добро тоа што земји членки на ЕУ изразија недвосмислена поддршка за Украина да стане членка на Европската унија.
– Европската унија треба да влезе похрабро во политиката на проширување и проектирање на членството на државите од Западен Балкан. Мислам дека свеста во тој дел се менува. Ние се покажавме како доверлив партнер, ги преземавме сите чекори што ги превземаа и државите-членки на ЕУ.
Ова е добра можност да се забрза процесот. Оваа ситуација на долгогодишно чекање не им оди во прилог ниту на ЕУ ниту на нас. Кредибилитетот со тек на време опаѓа, изјави вицепремиерот.
Тој додаде дека Македонија е подготвена да прими бегалци од Украина, доколку за тоа има потреба.