Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

by Fokus

Заменик претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан.

Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан.

Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во унијата како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ.

На средбата беше потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Северна Македонија.

Маричиќ заедно со специјалните пратеници востановија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот План за раст, подадената рака од Европската Комисија треба што поскоро да се прифати и во целост искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.

Двајцата специјални пратеници за Западен Балкан, Сарацин и Франгеш неспорно ја потврдија стратегијата на Европската Комисија за идното проширување, која презентира конкретна слика за реализација на вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ и ја поддржаа нашата заложба за превземање на следните конкретни мерки во процесот на преговорите, реализација на реформите и овозможување на бенефитите за граѓаните преку Планот за раст за Западен Балкан.

Вицепремиерот ги потврди заложбите и посветеноста на Владата за натамошна успешна реализација за европската иднина на Северна Македонија.

За крај, Маричиќ се заблагодари на поддршката на Германија и Словенија кои се наши политички, економски партнери, и сојузници во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели на патот кон ЕУ.

Поврзани новости