Маричиќ: Се отпишуваат 10 милиони евра долгови на 150.000 граѓани

by Fokus

Ние како СДСМ, како влада решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици, кои блештат од корупција, да инвестираме во луѓе и во нивните потреби, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на граѓанската трибина во Ресен под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

– Затоа градиме праведни политики, за добро на граѓаните. Во изминатиот период 11 ставки од дејноста на извршителите се укинати како трошоци, рапидно се намалени и нотарските и извршителските трошоци, а за 75 отсто се намалени глобите и воведена е задолжителна опомена пред глобење на било кој граѓанин. Законот за отпис на камати на долгови, со кој се отпишуваат 10 милиони евра, е во полза на 150.000 граѓани. Iма пратеници од опозицијата кои не знаат зошто одат на работа, пратеници од опозицијата кои не одат на работа или одат само кога треба да блокираат нешто“, истакна Маричиќ.

Поврзани новости