527
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во денешното гостување на ТВ 24 рече разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е толку голема колку што покажуваат скоро објавените анкети.
-Не е толкава разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како што велат објавените анкети. Освен тоа, не може да се гледаат само рејтинзите на овие партии. Мнозинството е Европскиот фронт и ние ќе формираме влада по следните избори, вели Маричиќ.
Тој зборуваше и за уставните измени и рече дека двотретинското мнозинство е многу важно за повеќе точки поврзани со нашиот процес за влегување во ЕУ, а за тоа е потребна соработка со опозицијата.
Кога станува збор за ЕУ, Маричиќ вели дека дневната политика треба да се тргне на страна, а не секојдневно да се бараат избори.