Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг” истакна дека комплетниот терен за ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени е расчистен.
-Немаат веќе никаква причина, никакво објаснување да не дадат поддршка затоа што обезбедивме, не само ние туку и Европската Унија со своите структури и тоа јасна и прецизна позиција од Бугарија и од другите држави членки на ЕУ дека нема други услови за продолжување на преговорите и отварање на поглавјето, дека ова е главниот и единствен услов, дека нашиот јазик и идентитет се заштитени и гарантирани од најголеми поддржувачи во Европската Унија и дека преговарачкиот процес не може да го загрози нашиот идентитет и македонскиот јазик – нагласи Маричиќ.
Тој истакна дека основните тези на коишто се базира противањето на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени немаат основа.
-Ние со Бугарија веќе се договоривме. Значи нема потреба повторно да преговараме, само треба да го исполниме ова што е пред нас, да ги внесеме Бугарите како и сите други што сме ги внеле до сега во уставот. Како што сите други што сакаме да ги внесеме во уставот и да продолжиме понатаму – нагласи Маричиќ.