Маричиќ позитивен на Ковид-19

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил информира дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

Маричиќ вели дека нема никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација.

– За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата, наведува Маричиќ.

Поврзани новости