Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Едуардас Борисовас новоименуваниот амбасадор на Литванија во Северна Македонија, со седиште во Загреб.
Соработката и билатералните помеѓу нашите држави се основаат на пријателство, одлични партнерски односи и голема поддршка на Литванија за Северна Македонија на патот кон ЕУ заклучија Маричиќ и Борисовас.
Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО, со посветеност и јасна поддршка на Република Литванија за нашиот евро-интегративен процес.
Амбасадорот Борисовас, се залага за брза интеграција на нашата држава во ЕУ, уверен дека нашето место е во Унијата со што граѓаните на Северна Македонија ќе се чувствуваат сигурно, стабилно и безбедно.
Со оглед на тоа дека стратегијата на Северна Македонија за евроинтеграција е со стабилен курс, веруваме дека поддршката од Литванија ќе придонесе за побрзо интегрирање, каде што споделувањето на искуството на Литванија е од исклучително значење за нас – рече Маричиќ.