Треба да бидеме мудри и сами на себе да не си поставуваме бариери, не би било одговорно да го одбиеме овој предлог во кој сме ги постигнале нашите клучни барања и да се надеваме дека ќе ни биде понуден друг подобар, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
-Во вистинските моменти ни требаат навистина и мудри и државнички одлуки. Ова е пакет кој треба да го определи нашиот тек на преговорите со ЕУ од сега па до крајот на преговорите и пакет кој треба да затвори еден сериозен спор што го имаме со Бугарија. Имаме два клучни интереси – да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и да станеме членка на ЕУ – вели Маричиќ.
Според него, во наредните денови без преголемо одлагање треба да се донесе одлука.
-Сметаме дек ова е можност која не треба да се пропушти. Вреди да собереме сила и да го направиме и одвој чекор за кој чекаме веќе 17 години. До сега времето работеше за нас, но во услови на војна во Украина ова е шанса која сериозно треба да ја земеме во предвид и сметам дека натамошни одлагања нема да бидат во наш интерес – рече Маричиќ.