Маричиќ откри колку време ќе трае скринингот: Лагите на опозицијата паѓаат во вода!

by Fokus

Денес ги почнуваме официјално преговорите и сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи и преводот се одвиваше на македонски јазик. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во изјава за „Канал 5“ дадена веднаш по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел.

На прашањето дали е можна промена на Уставот и обезбедување на двотретинско мнозинство во услови кога опозицијата изјавува дека нема да даде поддршка, вицепремиерот рече дека периодот на скрининг од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање на процес на дијалог во Собранието и дефинирање на улогата на Собранието во преговорите.

-Мислам дека во процесот на скрининг ќе можат да се вклучат сите, да видат како тече. Ќе ги извадиме оние клучни документи, патокази за владеење на правото, за реформи во јавната администрација, за демократски институции, акцискиот план за малцинства за да се увери јавноста и пратениците дека таму нема ништо спорно, ниту ќе има нешто страшно. И на тој начин во еден дијалог да дојдеме до двотретинско мнозинство за промена на Уставот, посочи Маричиќ.

Поврзани новости