Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека донесувањето на одлуката за стопирање на изградбата на Прифатен центар за странци во Бардовци не била лесна, но, рече тој, била неопходна со цел да се испочитува барањето на граѓаните.
-Верувајте, ова не беше ниту лесна одлука, ниту нешто што можеше брзо да се направи, но го завршивме успешно и го завршивме во интерес и на барање на граѓаните. Владата вчера на седницата донесе одлука за стопирање на градбата на Прифатен центар за странци во Бардовци и одлука со која што беа задолжени две министерства да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека е ова голема победа за граѓаните – рече Маричиќ.
Министерот за правда додаде дека владата покажала дека ги слуша дилемите и проблемите на граѓаните, со цел да се донесат соодветни одлуки.