Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.
Како што соопшти СЕП, на состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.
-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.
Одлична конструктивна средба вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија.
На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Северна Македонија.