Маричиќ очекува Македонија да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годинава

by fokus

Во наредните месеци треба да очекуваме битни настани за проширувањето. На почетокот на јуни Европската комисија ќе ја објави предлог-преговарачката рамка за почеток на преговорите со нашата земја, како и редовниот годишен извештај во кој ќе го коментира напредокот на Северна Македонија во сите сегменти, вели во интервју за МИА Бојан Маричиќ, национален координатор за интеграција во ЕУ и главен преговарач за технички прашања.

Според него, реално е да се очекува дека во текот на германското претседавање со ЕУ, на есен или на крајот од оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција со усвоена преговарачка рамка. Тоа, како што вели Маричиќ за МИА, ќе го означи официјалниот почеток на нашите преговори за членство.

Во однос на барањата на бугарската страна за македонскиот јазик и малцинството, Маричиќ вели дека Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија дава рамка како да ги решаваме разликите без притоа да постојат блокади и конфликти.

– Ние сакаме да влеземе во Европската Унија како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а притоа да сме во пријателство со сите наши соседи. Таа цел е остварлива ако пристапиме кон процесот разумно и самоуверено. Затоа не очекувам вето туку очекувам интензивна соработка во заеднички интерес на Северна Македонија и Бугарија како блиски соседи, вели Маричиќ

Поврзани новости