Новата методологија како документ сè уште не е излезена. До последен момент може да претрпи промени. Она што може да се види од нацртот е дека тоа пред сè е политички документ наместо бирократски, изјави националниот координатор за интеграција во Европската Унија, Бојан Маричиќ, за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Според него, Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент, а првиот, односно суштината на правилата на ЕУ е најважиот кластер, она што беше до сега, вели, поглавје 22 и 23.
-Тој е отворен за цело време во текот на преговорите. Напредокот во другите кластери ќе зависи од напредокот на овој. За првиот кластер нема временски рок на траење додека за другите може да се ограничи, доколку има напредок, и да се затвори за една година. Добро е што на ваков начин им се дава на преговорите реална рамка до кога би траеле. Ниту едно поглавје не се брише туку само се реорганизира, изјави Маричиќ.
Клучно е владеење на правото и функционирање на демократските институции – на овој начин се формализира следењето, вели Маричиќ и додава дека ќе има и детален акциски план и поинтензивно ќе биде следено од сите држави.
Околу законот за ЈО, Маричиќ изјави дека повикот до сите пратеници е упатен и отворен. -Работиме со сите пратенички групи, но дали ќе успееме ќе знаеме на 12 февруари, вели Бојан Маричиќ.