На прагот на Новата 2024 година да си посакаме година на верба, слога и оптимизам. Со взаемна почит да ја направиме годината што доаѓа подобра за сите. Секој наш чекор да го мериме низ благосостојба на младите и идните генерации, истакна заменик претседателот на Влада за европски прашања, Бојан Маричиќ во новогодишното обраќање до граѓаните.
Тој порача во претстојната година водечка мотивација да биде ставањето крај на неизвесноста по однос на продолжувањето на преговорите со Европската Унија.
Отворањето на поглавјата ќе ни донесе нивно заокружување за околу четири години и потоа официјално членство во ЕУ, најдоцна до 2030 година. Тоа е нашиот заеднички пат кој ни носи сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата. Ние веруваме дека судбината на Европејците, а тоа сме и ние Македонците и на сите граѓани, е испреплетена и дека Европската Унија е нашата иднина за која вреди да се бориме“, посочи Маричиќ.
Посака новата година да биде година на обновен политички консензус за Европската Унија.