380
На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, рече дека можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар.
-Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Северна Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат – рече тој.