Маричиќ: Најголем дел од земјите членки се изјаснија дека не сакаат Декларацијата на Бугарија да влезе во преговарачката рамка

by fokus

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека најголем дел од земјите членки на ЕУ се изјасниле против тоа Декларацијата на Бугарија со барањата кон Македонија да влезе во преговарачката рамка.

-Унитералната декларација на Бугарија не влезе во преговарачката рамка само заради тоа што ги застапувавме нашите стаововите, туку тоа е дека најголем дел од нив не сакаат да влезе во рамката. Најголем дел од земјите членки се изјаснија дека тие не сакаат билатерални прашања, особено од исторски карактер, да влегуваат во преговарачката рамка, рече Маричиќ.

Поврзани новости