Маричиќ на неформална средба со странските делегации пред утрешниот состанок за Западен Балкан

by Fokus

Македонија во ЕУ до 2030 година – реално и остварливо, напиша вицепремиерот Бојан Маричиќ по вечерашната неформална средба со претставниците на ЕУ, САД и делегациите од регионот, а кои пристигнаа во Скопје каде утре ќе учествуваат на состанок на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст од Европската Унија.

„Нашата соработка е вистинскиот темел за просперитет на нашите народи. Предноста на државите од Западен Балкан е посветеноста и намерата да бидеме дел од ЕУ, каде што припаѓаме географски и политички и за што имаме силна посветеност и поддршка од меѓународната заедница“,напиша Маричиќ на неговиот фејсбук-профил.

Поврзани новости