686
„Доколку граѓаните одбијат попишувачи поради тоа што не се вакцинирани, од таа причина, секако може да обезбедиме вакцинирани попишувачи. Има доволно на број“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека повеќето од попишувачите се вакцинирани, меѓутоа на останатите не може да им се наметне тоа како услов или обврска бидејќи на ниту една професија или група, по службена должност не им е наметната вакцинација досега, па дури ни на медицинските лица.