Вицепремиерот Бојан Маричиќ очекува неговата матична партија да го подобри резултатот на 8 мај – кога се закажани парламентарните и вториот круг од претседателските избори во земјава.
Вели дека ќе се борат за секој глас, а граѓаните ќе одлучат колку пратеници ќе добијат.
-В среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и демократски потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира сите причини за резултатите, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека сме една од ретките, ако не и единствена партија, која има толку демократски механизми и за дискусија и отчетен конгрес и директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да ги излеземе уште посилни од оваа ситуација“, вели Маричиќ.