Сега најважно е сите заедно да останеме доследни на нашата стратешка цел, и да обезбедиме продолжување и континуитет на преговорите со ЕУ. За тоа мораме да се обединиме околу прашањето за европската иднина на земјата и со политички консензус да им обезбедиме на граѓаните стабилност, просперитет, нови можности и европски стандарди и функционирање на државата врз европски принципи и вредности. Мислам дека сите тоа го сакаме за државата, за сите граѓани и генерациите кои доаѓаат и треба да го потврдиме на дело.
Ова го нагласи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции во македонскиот Парламент, на кој шведската амбасадорка Ами Ларсон Јаин ги претстави приоритетите на претседавањето на Шведска со Советот на ЕУ.