Бојан Маричиќ – вицепремиерот за евроинтеграции вели дека се плаши дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, дури и ако се одржат изборите.
„Ние секогаш ќе останеме отворени за дијалог, дури и за идеите на опозицијата за дополнителните гаранции. Подготвени се да разговараме и да видиме што е тоа што треба да го добиеме за опозицијата да се обврзе да гласа. Целта ни е да го завршиме со целосна поддршка на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, ме плаши, дека нема намера ни сега, ни по изборите да гласа за уставните измени. Неопходно е да се кристализираат позициите на политичките опции, без разлика каде припаѓаат“ – вели Маричиќ.
Според випешремиерот, со носење на одлуките се гледа кој е за во ЕУ.
„Јас не гледам што по ова прашање можат да променат изборите. Можат само да го искористат ова прашање како прашање кое ќе доминира во кампањата за потоа да биде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ не може да гласа, оти ветиле во кампања дека нема да гласаат. И после да влеземе во заблуда дека треба да чекаме подобар договор и да се преговара 10 години. Во тие 10 години, членки може да станат Албанија, Србија, Молдавија…“, вели Маричиќ.