Маричиќ – Ландсбергис: Големи се очекувањата од француското претседателство

by fokus

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

На средбата, според информацијата од кабинетот на Маричиќ, се разговарало за европската перспектива на земјата и регионот во овој период, како и за разговорите со Бугарија со цел отстранување на ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Членството во ЕУ е стратешка определба на Северна Македонија и ние како Влада сме посветени на реализација на европските стандарди и правила“, посочил Маричиќ додавајќи дека доколку набргу не се успее да се дојде до договор со Бугарија за отстранување на ветото, за очекување е да се зголеми евроскептицизмот помеѓу граѓаните.

Вицепремиерот Маричиќ и министерот Ландсбергис се согласиле дека големи се очекувањата од Комисијата и од француското претседателство и дека во следниот период ќе ги преземат неопходните чекори во насока на унапредување и отворање на процесот.

Во разговор со министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, Маричиќ го потврдил партнерскиот однос и се осврнал на заедничките проекти што ги спроведува Секретаријатот за европски прашања заедно со Литванија и се договориле за продлабочување на соработката преку давање експертска и финансиска поддршка за унапредување на нашата реформска агенда со цел побрзо приближување на земјата до европската легислатива и стандардите.

Поврзани новости