Маричиќ: Крајно време е да се отвори темата зошто ДПМНЕ и Левица го блокираат патот кон ЕУ

by fokus

Работевме и работиме на тоа да добиеме 80 пратеници кои ќе дадат поддршка за уставните измени, но ДПМНЕ се цврсти во својата решеност да го блокираат патот на Северна Македонија кон ЕУ, а Мицкоски вели дека ни пред, ни по изборите нема да гласа за овие уставни измени, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Топ Тема на телевизија Телма.

Маричиќ нагласи дека уставните измени зависат од парламентот.

-Искрено верувам дека постојат луѓе во ДПМНЕ кои не се подготвени својата држава да ја блокираат на долг рок. Работиме на тоа сите пратеници да ја сфатат својата одговорност и дел од нив да ја преземат да гласаат. Во спротивно да не се чудиме ако Молдова и Украина почнат преговори за членство, ако Албанија продолжи, а ние останеме во тунелот, рече Маричиќ.

Маричиќ нагласи дека не може да има одговорност во оваа држава за се освен за оние што блокираат.

Крајно време е да се отвори темата зошто ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон Европската Унија, истакна Маричиќ

Тој додаде дека цената треба да ја платат оние кои што ја држат сопствената држава во заложништво и кои што сакаат самите да се закочиме и да и дадеме аргументи на Бугарија.

-Јас мислам дека не треба да им се прости на оние кои што ја држеа заробена државата 11 години и кои што сакаат повторно тоа да го прават и на сите оние кои што им помагаат во тоа, сите оние кои што сакаат да не одалечуваат од ЕУ да не приближат кон Русија или да не приближат кон оние центри на моќ што се активно против нашето членство во ЕУ, истакна Маричиќ.

Ние знаеме што ќе се случи ако нема уставни измени, тоа ни е познато, тоа значи дека ќе мора да граѓаните да одлучат помеѓу својата иднина во европските интеграции и завршување на преговорите за некои 4-5 години или во агонија од 15 години која што во меѓувреме ќе ја зајакне позицијата на Бугарија,ќе даде аргументи на бугарската страна и ние ќе бидеме перципирани како оние кои што го прават проблемот, за потоа под полоши услови ќе треба да го направиме истиот компроимс, а во меѓувреме ќе порасне национализмот, сиромаштијата, изолацијата. Тие се два концепти кои неминовно ќе се прелеат и на избори за одлука, ако не ги направиме имените пред тоа, порача Маричиќ.

Поврзани новости