Маричиќ: Карпош се сеќава каков гром ги удри со Стевчо

by Фокус

Зелените зони исчезнуваа пред нас и никнуваа згради, се сеќаваме како не можевме да ги запишеме децата во градинка, затоа што Стевчо Јакимовски така одлучил, но затоа го имаме Душко Весковски кој има љубов и грижа за цел Карпош, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на митингот во Карпош.

-Карпош се сеќава каков гром го удри со Стевчо во 2013 година, од кој уште не може општината да се опорави. Весковски дава надеж дека нема да се вратиме во темното минато. Дали ќе му дадеме четврт мандат на Стевчо или Душко ќе добие прв за да направи се што може да направи за Капош – рече Маричиќ.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за Петре Шилегов во трката за градоначалник на Скопје.

-Скопје се сеќава и памети жалните врби, галиите го памети и барокот и теророт. Тоа е наследството на ВМРО-ДПМНЕ, кич, корупција и загадувањето. Петре има една поинаква скопска приказна, за првпат видовме како се градат мостови, булевари, велосипедски патики, за да го чувствуваме градот наш, а не обезличен, тој ги сопре кичот и загадувањето – рече Маричиќ.

Поврзани новости