Четири години, политиките што ги реализира СДСМ носат успеси и радости и на домашен и на меѓународен план, истакна министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, од трибината во Ресен.
– Пред четири години бевме изолирана држава која се плаши од своите соседи, држава која мислеше дека сите и се непријатели, држава која не веруваше во својата иднина. Денес, ние сме членка на НАТО, нашето знаме се вее пред седиштето, очекуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ. Во сите тие преговори влеговме со самодоверба, со јасен идентитет како Македонци кои зборуваат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во ЕУ, ќе успееме во обезбедувањето на нашата европска перспектива – порача Маричиќ.
Тој додаде дека концептот на СДСМ за „Едно општество за сите“ е концепт кој се проучува низ целиот свет.